Изборната трка во Велика Британија станува сѐ понеизвесна, а конзервативците на премиерот Борис Џонсон треба на изборите во четврток да победат со мало мнозинство. Ова го покажуваат најновите испитувања на јавното мислење.

Агенцијата „ЈуГов“ предвидува дека конзервативците ќе обезбедат мнозинство од 28 пратенички места, што е значително помалку од 68-те мандати колку што им предвидуваше анкетата од пред две недели. Предноста на конзервативците е многу намалена во последните две недели и сега заради маргината од грешка во анкетата веќе не е ни сигурно дека премиерот Борис Џонсон ќе победи на изборите, а во тој случај брегзит повторно може да биде одложен.