Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтер попладнево ја погоди Албанија. Како што пренесуваат албанските медиуми, потресот,кој траел неколку секунди е почувствуван во 17:03 часот, со епицентар во Грдец, општина Вора, кај Тирана.

Земјотресот е почувствувам и во Драч, Лежа и Фуш Круја и предзвикал вознемиреност и паника кај жителите.

На 15 овој месец, по неколкудневна смиреност на земјата, во Албанија регистриран беше потрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван на длабочина од десет клометри, со епицентар на шест километри северно од Шијак и 22 километри западно од Тирана.

На 26 ноември, беше разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој животот го згубија 51 лице а беше предизвикана огромна материјална штета, најмногу во Драч, Тирана и Туман.