На денешната 34. владина седница е одучено поради посебен јавен интерес, предлог-законите за попис на населениоето и за Агенцијата за разузнавање да добијат европско знаменце.

– Владата донесе одлука предлог-законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2021 година, и Предлогот на закон за Агенцијата за разузнавање во Собранието да бидат усвоени со постапка предвидена за закони со европско знаме – се наведува во соопштението на владината прес-служба.