Договорот од Преспа ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Македонија и Западен Балкан, ова го закучија премиерот, Зоран Заев, со претседателот на партијата СИРИЗА, актуелен пратеник во грчкиот парламент и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас.

Како што соопштија од Владата, Заев и Ципрас се согласиле дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно доаѓаат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Македонија и Грција.

– Пораките кои глобално се испраќаат од „Преспа форумот за дијалог“ потврдуваат колкаво постигнување е Договорот од Преспа, кој денеска и утре во Охрид и Преспа го уважуваат и почитуваат стотици високи гости од регионот, Европа и светот за да ги афирмираат вредностите што произлегуваат од духот на Договорот, заклучија соговорниците. Суштината што во себе ја носи Договорот од Преспа, споделија Заев и Ципрас, со својата сила и значење ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан – соопштија од Владата.

На средбата било констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека спогодбата која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина без разлика кој е на власт.