Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Зоран Заев попладнево ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.

Како што напиша тој на социјалните мрежи, оваа посета е уште едно охрабрување и признание за исполнетите задачи.

– Искажавме заедничко очекување дека на претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија ќе има придвижување во однос на проширувањето на ЕУ, како нејзина стратешка цел, а со тоа и одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на оваа година.

Во меѓувреме остануваме партнери и сојузници во справувањето со пандемијата, во спроведувањето на политиките за регионална соработка и европеизација на земјите од Западен Балкан со најавената силна поддршка од Европската Комисија – напиша премиерот во својата објава.