Утврдивме една опција што може да биде прифатлива за двете страни, изјави македонскиот премиер Зоран Заев на прес конференцијата по средбата со неговиот грчки колега Алексис Ципрас.

– Утврдивме една опција што може да биде прифатлива за двете страни, но мораме да внимаваме како тоа ќе биде институционално спроведено. Мораме да разговараме со претседателите на двете држави, со другите лидери, со шефовите на опозициите – рече Заев.

Според него, ако потенцијалното решение на спорот за името што го утврдиле денеска со Ципрас биде соодветно прифатено и потврдено внатре во двете земји, тогаш тоа би било и официјализирано.
-Мора да разговараме со претседателите на двете држави, со другите лидери, со шефовите на опозицајата, така што остануваме да ги разработиме и другите детали, рече премиерот .

На прашање дали може да дојде до одложување на решението за името, Заев кусо возврати- „Не дај боже“, но веднаш и додаде дека е меѓу двете страни е развиено неповратно пријателство, кое и во иднина ќе се развива.

-Би било убаво решението што двете страни би сакале да биде прифатливо, да се постигне уште сега, бидејќи на крајот на јуни имаме европски Совет, а тоа би било дополнително охрабрување за европскиот Совет.

Доколку не е возможно, кажа премиерот, ние продолжуваме во барањето решение, се додека не се договориме.