Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на унгарските социјалисти Беталан Тот, каде рекол дека очекува од унгарските власти согласно европските начела и меѓународни конвенции да го екстрадираат поранешниот премиер Никола Груевски.

-Очекуваме да продолжи конкретната поддршка за зајакнување на владеењето на правото, и дека унгарските институции ќе постапат согласно европските начела и меѓународните конвенции, и дека ќе обезбедат екстрадиција на Никола Груевски- рече Заев на средбата со претседателот на сестринската Социјалистичка партија на Унгарија (MSZP), остварена за време на Конгресот на ПЕС во Лисабон.

Груевски пред еден месец избега во Унгарија каде доби политички азил. Тој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра. Македонските власти побараа негова екстрадиција.