Кабинет на премиерот во заминување, Зоран Заев, информира дека нема да има менување на неговиот став и одолговлекување на неговата оставка.

Од кабинетот велат дека не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува неговата оставка до декември.

– Оставката е јасен чин на преземање одговорност – велат од кабинетот на Заев по разните, неточни брифинзи дека неговиот план бил да ја одолговлекува оставката.

Заев во неделата изјави дека поднесува оставка на премиерската функција и од лидерската позиција во СДСМ поради лошите резултати по вториот круг од локалните избори.