На самитот во Солун, премиерот Зоран Заев се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев изјави дека добил позитивен одговор од Мицотакис дека ќе се бори за евроинтеграциите на Македонија и конечното добивање датум за влез во Европската Унија. 

Една од темите за кои разговарале била имплементацијата на Преспанскиот договор, но тие разговарале и за граничните премини, за меѓународната експертска група која треба да продолжи со разговорите и да ги најде прифатливите решенија за двете страни. 

– Мене ми е многу драго што премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја, за конечно да го добие датумот за преговори. Премиерот ми образложи детално кои се неговите активности, кои се неговите планови, и како да ги направи да ни бидат од помош – изјави премиерот Заев.

На самитот било разговарано за имплементација на Преспанскиот договор со позитивна и предвидена динамика. Заев ќе се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а според најавите на состаноците во фокус ќе биде зајакнувањето и имплементацијата на договорите со Грција и Бугарија.