Пресудата за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, е осободителна.

Во читањето на пресудата судијата Тодоровски наведе дека јавниот обвинител не успеа да докаже дека обвинетиот Заев го сторил делото што му се ставаше на товар и од тие причини донесе ослободителна пресуда.

Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.

Но Заев очекуваше и доби ослободителна пресуда во овој судски процес, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.