Фото: Маја Јаневска - Илиева

Премиерот Зоран Заев го повлече предлогот тој да биде и министер за финансии, но сепак сака да раководи со Министерството до изборот на нов министер.

– Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да е и министер, но кога е отворена дилемата и дебатата во јавноста треба да ги слушаме Државната комисија за спречување корупција и опозицијата и експертите во јавноста – рече Заев и додаде дека овој предлог го трга од дневниот ред.

Се очекува досегашниот министер, Драган Тевдовски да биде разрешен на денешната седница во Собранието.