Две дози од вакцината против ковид-19 се чини дека штитат од многу заразната делта верзија на коронавирусот, објави Европската агенција за лекови (ЕМА).

– Податоците што се појавуваат и се добиени од конкретни докази, покажуваат дека две дози на вакцината штитат од делта варијантата – рече Марко Кавалери, одговорен за стратегијата за вакцинација во ЕМА.

Бројот на лица заразени со ковид-19 повторно се зголемува во Европа од минатата недела, по десет последователни недели пад, соопшти Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО).

– Свесни сме дека постои загриженост за брзото ширење на делта варијантата. Во моментов, се чини дека четирите вакцини одобрени во Европската унија штитат од сите видови што циркулираат во Европа, вклучувајќи ја и делта варијантата додаде –  Кавалери.

ЕМА ги одобри вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, на „Астразенека“ и на „Џонсон и Џонсон“.

Европската канцеларија на СЗО предвидува дека таканаречената делта верзија, првпат откриена во Индија, ќе преовладува до август.