Едно лице е убиено, а повеќе се ранети во напад со нож што се случи денеска во центарот на Мелбурн, објави австралиската полиција, додавајќи дека го уапсиле осомничениот во близина на запалено возило.

Полицијата појасни дека првично интервенирала по дојава за опожарено возило.

Инцидентот се случил во деловниот кварт на Мелбурн, околу 16:20 часот, кога луѓето си оделе од работа.

– Еден маж е уапсен на лице место и е превезен со полициска придружба во болница во критична состојба – додава полицијата.

Локалните медиуми објавија фотогграфии на висок маж кој мавта со рацете и се обидува со нож да ги прободе полицајците во близина на автомобилот во пламен, пред да биде пукано во него.

Полицијата побара од населението да го избегнува овој дел на градот, појаснувајќи дека не трага по друг напаѓач.

Според полицијата, едно од трите прободени лица починало на местото на настанот, додека другите две се префрлени во болница.

-Засега настанот не го поврзуваме со тероризам – додаваат од полицијата.