Фото: Игор Бансколиев

Државната изборна комисија информира дека до 21 часот се поднесени вкупно 82 приговора во врска со парламентарните избори.

Најголем број од приговорите се од Алијанса за Албанците, 74, еден приговор е од Глас за Македонија, a два се од ВМРО-ДПМНЕ.

Приговори можеа да се поднесуваат  до 21 часот, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите приговори може да се доставуваат до утре до 19 часот и 30 минути. Роковите за приговори започнаа да течат минатата ноќ откако беа објавени неофицијалните конечни резултати од ДИК.

По завршување на роковите, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува за поднесените приговори.