Бројот на починати од коронавирус во Македонија достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи.

Тројцата починати се пациенти од Битола (73), Демир Хисар (73) и Скопје (44). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, а досега оздравеле 6.972 пациенти. Моментно има 3.656 активни случаи на ковид-19.