Државната изборна комисија попладнево донесе заклучок со кој се вршат исправки на техничките грешки при објавувањето на бројките во четвртокот доцна попладне по предвремените парламентарни избори.

Според новите бројки, гласале 943.750 гласачи, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564.

Во четвртокот кое беа презентирани неофицијалните резултати од изборите, ДИК соопшти дека на предвремените парламентарни избори, што се одржаа во неделата се регистрирани 31.466 неважечки ливчиња. Како што беше информирано на јавна седница на Државната изборна комисија, врз основа на податоците од записниците на општинските изборни комисии и целокупниот материјал утврдено е дека вкупниот број на избирачи е 1.814.236, од кои 942.334 гласале.