Утрово по налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, полицијата уапси десетина лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Уапсени се државни службеници, вработени во катастар, нотари, сопственик на фирма и државен правобранител, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и неовластено работење во службата.

Неофицијално, тие се сомничат за незаконско постапување за градба на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје.

Еден од осомничените досега не е пронајден, а останатите се изведени пред судија.