Најмалку 49 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени што денеска го стресе западниот дел од Албанија, објавија локаните медиуми.

Земјотресот е регистриран на 13 километри северно од Драч, околу 16 часот.

Портпаролката на Министерството за здравство, Етиола Колја Налбани изјави дека според првичните информации најмалку 30 лица се повредени, од кои дел се здобиле со потешки повреди, пренесе „АП“.

Локалните медиуми, сепак, известуваат за 67 повредени лица, кои биле примени во болница во Тирана.
По вториот земјотрес со јачина од 5,3 степени, луѓето истрчаа на улиците.

– Сите наши соседи истрчаа врескајќи. Му благодариме на Бога што не траеше долго, околу 20 секунди. На десеттиот кат беше ноќен комшмар. Не паметам посилен земјотрес од овој – изјави за „Ројтерс“, 67-годишен пензионер од Тирана.

Една постара зграда во Тирана е евакуирана бидејќи по потресот се појавиле пукнатини, а делови од фасадата почнале да паѓаат.
Во Драч и Тирана има оштетени куќи, а одредени домаќинства на кратко останале без електрична енергија.

Албанскиот премиер, Еди Рама, поради земјотресот ја откажа посетата за Њујорк, на годишниот состанок на Обединетите Нации.

Ова е најсилниот земјотрес што ја стресол Албанија во последните 30 години, наведе „Ројтерс“.

Земјотресот беше почувствуван и во Македонија.