Почнувајќи од 1985 година, земјите лидери на Европската Унија одлучија 9 мај, да се  слави како Ден на Шумановата декларација, односно како Ден на Европа.

Деветти Мај го претставува политичкиот идентитет на Европската Унија изразен преку предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и поделен континент. Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на ЕУ.

Годинашниот јубилеј доаѓа во пресрет на европските избори, на кои новите проекции покажуваат дека антиевропските сили, најверојатно, ќе станат втора по големина група во новиот Европски парламент. Згора, одолговлекувањето на процесот за брегзит, односно неможноста за постигнување согласност помеѓу Велика Британија и Европа внесува дополнителна неизвесност во време кога се слави јубилејот.