Деветнаесетгодишна девојка од Струмица загина во сообраќајна несреќа што се случи утрово во 4 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш во близина на село Радичево.

Во несреќата учествувале „фолсваген шаран“ со бугарски национални ознаки, управуван од Ф.Д. (31) од Струмица и товарно моторно возило „даф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Т. (44) од Радовиш.

Возачот Ф.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.