Два трупа пронајдени кај Струмица и Тетово, во ист ден, ја вознемирија македонската јавност. Едниот е пронајден во резервоар за гориво на камион кај акумулацијата „Турија“ во близина на Струмица, а другото безживотно тело било оставено во кеса во селото Горно Оризари, Тетовско. 

Случајот кај Турија го потврди МВР во изјава што ја пренесоа повеќе македонски медиуми, информирајќи дека трупот е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.

Во вториот случај, вработен во Комуналното претпријатие во Скопје, наишол на црна пластична кеса со безживотно тело, додека патувал кон селото Горно Оризари, според неофицијални информации. Дел од македонските медиуми јавуваат дека случајот бил пријавен во полиција, односно дека екипи од секторот за внатрешни работи ја предале торбата на судска медицина. Станува збор за девојка чиј идентитет допрва треба да се утврди. 

Претходно, МВР во координација со јавното обвинителство го расчисти случајот со пронајденото тело во метално буре на 20 јуни годинава, во вештачкото езеро „Турија“. По извршените анализи, беше утврдено дека станува збор за Р.И. и дека смртта настанала по насилен пат, по што беше уапсен и осомничениот за убиството.