Фото: Дарко Андоновски

Ракометарите на Металург ја остварија првата победа во тековната Лига на шампионите, совладувајќи го рускиот првак Чеховски медведи со 25-24, во денешниот дуел од 6-то коло одигран во СЦ „Борис Трајковски“.

Металурзите беа предводени од голманот Никола Даниловски кој оствари 16 одбрани, од кои 12 во првиот дел. Димитар Димитриоски беше најефикасен кај победничката екипа со пет гола, додека новите засилувања Александар Шпенде (постигна четири погодоци), Гонзало Рибеиро (3) и Миха Пучник (1) имаа солидни дебитантски настапи.

Македонскиот претставник стекна предност од шест гола на полувреме (16-10), која успеа да ја сочува до крајот на мечот.

Металург во следното коло го пречекува Спортинг Лисабон, в четврток.

Фото: Дарко Андоновски