Министерството за надворешни работи на Грција упати честитки за нашето членство во НАТО.

– Ѝ честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата – се наведува во честитката упатена преку профилот на грчкото МНР на Твитер.

Од грчкото министерство додаваат дека очекуваат соработка со Северна Македонија во рамките на Алијансата.