Опозицискиот лидер во Венецуела и привремен претседател, Хуан Гваидо, изјави дека назначил влада во сенка, што претставува нова фаза во борбата за соборување на власта на актуелниот претседател, Николас Мадуро.

Гваидо објасни дека пет нови помошници ја подготвуваат транзицијата на владата и новите избори.

Гваидо, кој е претседател на Парламентот, се прогласи за привремен претседател во јануари затоа што, според него, изборите што ги спроведе Николас Мадуро претходната година биле лажирани. На новата функција Гваидо го поддржаа околу педесет земји, вклучително и САД.

Опозицискиот лидер го повика популарниот политичар Леополд Лопез, кој е под заштита во домот на шпанскиот амбасадор во Каракас, да ја прифати позицијата генерален координатор на кабинетот во сенка.