Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо изјави дека претседателот Николас Мадуро се подготвува да го распушти парламентот и да распише нови избори. Ваквата одлука, според него, може да ја заостри политичката криза во државата.

Гваидо, кој е претседател на Националното собрание каде мнозинство има опозицијата, вели дека одлуката ќе биде донесена денеска од Уставното собрание.