Министерството за здравство информира дека резултатите на првозаболената пациентка со коронавирус се негативни на овој вирус. Таа втор пат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Министер за здравство Венко Филипче, објави на својот твитер профил дека првозаболената пациентка по второто тестирање покажала негативни резултати за коронавирусот.

Негативна на коронавирус е и 16-годишната пациентка со неспецифични знаци за горнореспираторна болест.

Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти, за кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.

– Здравствената состојба на шесте пациенти што се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката – соопшти Министерството за здравство.

На денешната владина седница се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на коронавирусот. Дел од овие нови мерки предвидуваат затворање на градинките, ѕчилиштата и универзитетите во наредните 14 дена, се забрануваат масовни собири со над илјада учесници, спортските натпревари треба да се одржуваат без публика…