Вкупниот број на заразени со коронавирус ширум светот е 1.797.805, додека 110.075 луѓе починале како резултат на инфекцијата, според веб-страницата на Worldometer.
        
Најголем број смртни случаи, 20.637 се потврдени во САД, а следуваат Италија со 19.468, Шпанија со 16.972, Франција 13.832 и Велика Британија со 9.875 смртни случаи.
        
Во Иран, 4.474 лица починаа, додека во Белгија – 3.600. Во Кина, кадешто вирусот избувна во декември, починале 3.339 лица. 411.871 луѓе се опоравиле од оваа болест во светот.