Во Мексико во масовна гробница беа пронајдени 23 тела. Ова се случило во близина на локална полициска станица во Гвадалахара, втор по големина град во Мексико.

Три од телата биле идентификувани и семејствата на жртвите се известени.

Во тој дел на Мексико, пронајдени се вкупно 487 тела во неколку масовни гробници.

Западниот дел на Мексико е цел на насилства повеќе од пет години, поради присуството на моќен локален нарко картел.