Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право на глас имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

За овие избори немаше вообичаена изборна кампања, а ќе бидат специфични и по начинот на гласање, со мерки и препораки за заштита од коронавирусот.

Денеска е неработен ден. Вчера и завчера гласаа лицата заболени од ковид-19 и лицата во самоизолација, болните и немоќните лица и затворениците.

Гласањето наместо до 19 часот, ќе трае до 21 часот.

Изборите првично беа закажани за 12 април, но беа одложени поради пандемијата на коронавирус.