Научниците проценуваат дека новиот делта вирус, кој сочинува 95 отсто од сите новоаразени со коронавирус во Велика Британија, е помеѓу 40 и 95 отсто позаразен од претходниот доминантен вид.

Во Велика Британија се забележани повеќе од 10.000 новозарзаени со коронавирус во еден ден, првпат во скоро четири месеци, веројатно како резултат на ширењето на „делта“ сојот кој според експертите е многу позаразен.

Владата денес пријави 11.007 новозаразени лица со коронавирус што е најголема дневна бројка од 19 февруари, пишуваат британските медиуми.

Ширењето на овој вид ги наруши плановите за следната недела за укинување на сите ограничувања и на социјалните контакти, а наместо тоа британскиот премиер Борис Џонсон го одложи понатамошното олеснување на мерките за еден месец до 19 јули.

Повеќето од новозаразените се меѓу помладите луѓе кои сè уште не биле вакцинирани. Британците го проширија процесот на вакцинација и на лица над 18 години.