Најмалку четири лица биле убиени во напад во американскиот град Синсинати, каде вооружено лице отворило оган во банка во центарот на градот.

Локалните медиуми јавуваат дека полицајци интервенирале и размениле оган со напаѓачот. Засега се потврдени три жртви и тројца ранети, а и напаѓачот бил убиен. Инцидентот се случил во деловен центар, а очевидците велат дека слушнале најмалку 15 истрели за време на нападот.

Според сведоците, една од жртвите е жена која влегла во банката откако нападот почнал – поради слушалките кои ги носела не ги слушнала повиците да не влегува во зградата.

Засега не се објавува идентитетот на напаѓачот или неговиот можен мотив.