Фото: Маја Јаневска-Илиева

НАТО е отворен за секоја држава што сака да се приклучи и која ги исполнува критериумите, додека Македонија е блиску до членство, порача генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

– НАТО е отворен за секоја држава што сака да се приклучи и која ги исполнува критериумите што ги поставивме. Црна Гора се приклучи неодамна. Северна Македонија е блиску до приклучување и соработуваме со БиХ. НАТО исто така ја почитува секоја одлука на државите кои не сакаат да бидат членки. На пример, го почитуваме ставот на Србија оти таа не сака да биде му се приклучи на НАТО. Тие се за воена неутралност и затоа не сакаат да се приклучат. Имаме исклучително партнерство со државите кои не се членки на НАТО, како што се Шведска, Финска и Австрија, и можеме да имаме добри односи и со Србија – кажа Столтенберг одговарајќи на прашањето дали членството на Македонија ќе претставува преседан за другите држави од Западен Балкан кои се надвор од НАТО.