Македонија ќе додели шест милиони денари како помош за Австралија, која неколку месеци е погодена од големи пожари.

– Владата на седница донесе одлука за одобрување средства од резервите на буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 6.000.000 денари за доделување помош за настраданите од пожарите што ја зафатија Австралија – соопштија од Владата.