Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска како што соопшти, во пишана форма ја понудил оставката до премиерот и владиниот кабинет.

– Никогаш не бегав од критика никогаш не останав должен одговор, последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет и денеска понудив пишана оставка до владата.

Пред година и пол, го регистриравме првиот ковид случај во нашата држава, од тој ден до денес секогаш пред граѓаните стоев отворено и транспарентно никогаш не бегав од критика, никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата – рече Филипче.