Обединетото Кралство синоќа на полноќ, односно во 23 часот по локално време, ја напушти Европската Унија, со прослава на поддржувачите на брегзит.

Така, Обединетото Кралство стана прва членка во историјата на ЕУ која ја напуштила оваа заедница, која сега повторно има 27 земји членки, со оглед на тоа дека Ирска остана дел од неа.

Граѓаните на Велика Британија одлучија да ја напуштат Унијата на референдум на 23 јуни 2016 година со 51,9 отсто гласови.

Обединетото кралство во 1973 година се придружи на Европската економска заедница, од која настана денешната Европска унија, а во 1975 година земјата одржа референдум за членство во ЕУ.