Велика Британија ќе испрати 1.000 респиратори во Индија, која е силно погодена од коронавирусот. Премиерот Борис Џонсон рече дека Велика Британија секогаш ќе биде со Индија кога тоа е потребно.

– Длабоко сум погоден од брзата поддршка што Британците им ја дадоа на луѓето во Индија и задоволен сум што владата на Велика Британија успеа да одигра улога во помошта да се спасат животи – рече Џонсон.

Тој утре ќе одржи виртуелен состанок со индискиот премиер, Нарендра Моди, за да разговара за продлабочување на соработката меѓу Велика Британија и Индија.

Индија забележа најголем дневен број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата – 3.689, и стана првата земја што регистрира повеќе од 400.000 нови случаи за еден ден.