Фото: Архива

АД ЕСМ е чувар на цената на струјата за граѓаните и малите потрошувачи, нагласува Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ во разговор за „Нова Македонија“.
АД ЕСМ, во согласност со Законот за енергетика, објаснува Ковачевски, не е должно да обезбедува електрична енергија за стопанството. Но со избувнувањето на енергетската криза во Европа и зголемувањето на цените на струјата на берзите, трговците со струја започнаа да ги раскинуваат договорите со субјектите на кои се обврзале дека ќе им обезбедат струја.

-Состојбата со цената на електричната енергија на светските берзи, која никој не можеше да ја предвиди, влијаеше врз доставувачите на струја во земјава, кои ги раскинаа договорите со своите клиенти и товарот за обезбедување електрична енергија и за нив се префрли на АД ЕСМ и преостанатите енергетски компании во земјава. АД ЕСМ, и по план и програма за работа, предвидуваше работа со два блока во ноември и декември, но поради новонастанатата ситуација, ние веднаш презедовме чекори што ќе обезбедат стабилно производство на електрична енергија во количество што го бара електро-енергетскиот систем на земјата. Распишавме јавни повици за набавка на јаглен за вклучување во погон на РЕК „Осломеј“, а по повеќе од една деценија, ќе се рестартира и ТЕЦ „Неготино“ за да се ублажи не-достигот од струја во системот – потенцира Ковачевски.

Целото интервју со Ковачевски можете да го прочитате во утрешниот број на „Нова Македонија“.