Британските опозициски партии се договорија да не го поддржат предлогот на премиерот Борис Џонсон за одржување парламетарни избори пред самитот на ЕУ во средината на октомври.

Лабуристите, либералните демократи и членовите на партиите на Шкотска и Велс, се договорија в понеделник или да гласаат против распишување на избори или да бидат воздржани. Џонсон на тоа возврати дека партиите прават исклучително политичка грешка.

Во меѓувреме, законот за спречување на брегзит без договор е одобрен од Домот на лородвите и ќе стапи во сила. Тој ќе го принуди премиерот да бара од ЕУ продолжување на рокот по 31 октомври, доколку Брисел и Велика Британија постигнат брегзит без договор.

Џонсон сака избори на 15 октомври, пред одржувањето на самитот на ЕУ на 17 и 18 октомври.