Преговарачките тимови на ЕУ и на Велика Британија постигнале договор за брегзит во пресрет на состанокот на европските лидери во Брисел, објавува Би-би-си.

– Имаме одличен нов договор кој ја враќа контролата – напиша на Твитер британскиот премиер Борис Џонсон.

Двете страни работеа на изработка на текстот на договорот, но тој допрва ќе треба да биде одобрен од британскиот и од европските национални парламенти.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер порача дека договорот е „фер и балансиран“. 

Но, Демократска унионистичка партија од Северна Ирска фрла сомнеж врз прифаќањето на договорот, истакнувајќи дека уште не може да го поддржи.