Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, денеска успешно полета до вселената со неговото вселенско летало „Њу Шепард“. Основачот на „Амазон“ во леталото беше придружуван од неговиот брат Марк Безос, 18-годишен студент од Холандија и 82-годишната Воли Фанк од Тексас.

Ракетата на Безос полета од западен Тексас, а е именувана по Алан Шепард, првиот американски астронаут во вселената. Полетувањето беше внимателно поклопено со годишнината од слетувањето на „Аполо 11“ на Месечината пред 52 години. Безос полета во вселената околу 15 часот по средноевропско време. Летот траеше десетина минути.

Откако капсулата се спуштила на Земјата по десетминутниот лет, Безос гордо изјавил дека ова е „најдобриот ден досега“.

Безос полета до вселената девет дена по летот на британецот Ричард Брансон. Двајцата богати луѓе се жестоки ривали во индустријата за развој на вселенскиот туризам.