Американскиот дипломат, Џејсон Риф ја убил сопругата Лола Гуломова и потоа извршил самоубиство, а според пишувањата на американските медиуми, ситуацијата меѓу нив ескалирала кога таа прифатила четиригодишен мандат во амбасадата на САД во Белград и планирала со себе да ги поведе и децата.

Брачниот пар бил пред развод што требало официјално да биде заклучен во петок, меѓутоа, не дошло до тоа.

Пред закажаното сослушување, полицијата добила повик дека нешто чудно се случува во домот во парот во Вашингтон. Кога дошле кај нив, полициските службеници го затекнале Риф (51) кој се самоубил пукајќи си во главата, додека во другата просторија лежело безживотното тело на неговата 45-годишна сопруга.

Судските записи покажуваат дека Риф бил многу вознемирен кога дознал дека Гуломова прифатила четиригодишен мандат во Белград, почнувајќи од следното лето и дека планира да замине заедно со двете ќерки.

Нивните деца не биле дома за време на пукањето.

Гуломова била родена во Таџикистан, каде некогаш се занимавала со танц. Според зборовите на пријателите, нејзиното семејство живеело ширум светот, а сестрата во Њујорк.

Во биографијата се наведува дека им помагала на погодените од ураганот Катарина, а подоцна се приклучила кон НАСА. Таа работела и во американската амбасада во Москва.