Хајнц-Кристијан Штрахе (лево) неодамна се сретна со Виктор Орбан

Виена и Будимпешта се поврзани преку империјалната историја, реката Дунав, но и преку скандалот „Ибица“ кој ја потресува Австрија во пресрет на изборите за Европскиот парламент, пренесува Блумберг.

Двете држави имаат влади кои прифатија националистички размислувања, што не одат во чекор со главните политички струи на Стариот континент. Тука предничи Унгарија чиј премиер Виктор Орбан стана симбол на екстремната десница. Меѓу неговите истомисленици е досегашниот австриски заменик-канцелар Хајнц-Кристијан Штрахе, кој беше во посета кај Орбан минатиот месец.

На спорната видео-снимка која го предизвика политичкиот скандал во Австрија, Штрахе сугерираше оти извесен австриски инвеститор би требал да создаде медиумска империја налик на онаа на Орбан. Ваквите сознанија ја поттикнаа унгарската опозиција да побара спроведување истрага за вмешаноста на унгарскиот премиер, но се чини дека австриските политички превирања нема да имаат последици за Орбан.

Овој случај претставува уште еден пример за моќта на Орбан, создадена преку неговата контрола врз медиумите, но и за влогот на претстојните избори за Европскиот парламент, на кои националистите од Италија и од Полска што извлекоа лекции од неговото владеење, им се зануваат на европските принципи.    

– Орбан е недопирив во Унгарија, но падот на австриската десничарска коалиција би можел да им наштети на неговите амбиции. Тој сепак, не е загрижен – се наведува во анализата на Блумберг.

Германските медиуми во петокот ја објавија видео-снимката на која се забележува како Штрахе разговара со девојка која, наводно, е внука на руски олигарх, во луксузно одморалиште на Ибица. Австрискиот политичар на девојката и понудил исплатливи државни зделки во замена за поддршка за неговата кампања. Откако снимката излезе во јавност, Штрахе и неговиот сопартиец Јохан Гуденус, кој го договорил состанокот поднесоа оставки. А скандалот „Ибица“ доведе до најавите на германскиот канцелар Себастијан Курц за предвремени избори во септември.

Познавачите на состојбата наведуваат дека скандалот во Австрија ќе има сериозни последици врз политичката ситуација во Австрија, а ќе влијае и врз претстојните избори за Европскиот парламент.