Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на СДСМ

260

Новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, синоќа најави дека одговорност ќе се бара и од актуелни градоначалници, локални функционери и директори.

-Пораката од граѓаните е примена и СДСМ донесе, како и во претходниот период храбри, решителни одлуки коишто ќе бидат од интерес на сите граѓани. Ќе работиме пред сѐ на силна контрола за тоа како се реализира нашата програма, програмата на СДСМ и нашите ветувања кои беа дел од нашите кампањи. Заради тоа што работиме силно и посветено како досега и на меѓународен план, за силниот напредок што го направивме во овие две години на чело со претседателот и премиерот, во следниот период доаѓа период во кој навистина и преку инструментите на СДСМ ќе бараме отчетност од сите избрани функционери, ќе бараме отчет од градоначалниците, од локалните самоуправи и точно ќе ја следиме реализацијата на нивната програма, на секој градоначалник, на секој директор, за која мерка, за која политика до каде е самата реализација- рече синоќа Николовски и најави дека деноноќно ќе работи на изградба на еден систем на отчетност и чесност и на одговорност и на посветеност сѐ во функција на реализација на ветувањата.

За поранешниот министер за земјоделство нема никакво сомневање дека СДСМ заедно со коалицијата е сигурен победник на следните парламентарни избори, за победа на европскиот курс.

Тој најави силни внатрешни реформи, зацврстување на внатрешната организација и нови концепти и модели на функцонирање.