Јункер: На Западен Балкан му треба европска перспектива заради избегнување војна

1392

Европската унија има потреба да прими нови членки од Западен Балкан со цел да се избегне ризик за нова војна во регионот, изјави денеска шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Европскиот Парламент.

– Ако не им дадеме на државите од Западен Балкан нова надеж за членство во ЕУ, ризикуваме да ги обновиме војните од 90-тите години – изјави Јункер.