Јовановски вратен во Шутка по укажаната лекарска помош

720

Првоосмничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 е вратен назад во притвор во затворот во Шутка, по 4 часа минати во болницата „8 Септември“ откако му се слоши пред да даде исказ кај обвинителката Вилма Русковска.

Од обвинителството Јовановски беше изнесе со количка. Но во моментот додека го симнуваа, новинарските екипи беа изненадени од непристојниот гест на припадник на затворската полиција. Од истражниот затвор подоцна потврдија дека затворскиот чувар е суспендиран а против него е покрената дисциплинска постапка.

Во меѓувреме поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, којашто е третоосомничена, одлучи да не дава исказ пред Русковска. Од нејзиниот адвокатски тим велат дека може да се премисли во понатамошниот тек на постапката.

Осомничената Катица Јанева нема да даде свој исказ во оваа фаза. Но има право тоа да го стори во текот на понатамошната постапка и тоа исклучиво на барање на одбраната но дали тоа ќе го стори ќе одлучиме понатаму.

Откако Кривичен го отфрли барањето на Јанева за укинување на притворот таа сега ја чека одлуката по нејзината жалба на Апелација а дека нема да побегне гарантираше со движен и недвижен имот. Судот во следните денови ќе одлучи дали за Јанева ќе се прифати одредување на поблага мерка.