Јанева треба да одговори која е нејзината улога во „Рекет“

434

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска во 10 часот треба да се појави во Основното јавно обвинителство, каде пред Вилма Русковска ќе треба да одговори која е нејзината улога во случајот „Рекет“.

Распитот на Јанева доаѓа еден месец по отворањето на истрагата за „Рекет“ каде засега осомничени се само Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец. Според Обвинителството, двајцата се сомничат дека изнудувале рекет од бизнисменот Орце Камчев, а за возврат тој требало да биде ослободен од истрагата за случајот „Империја“. Уште по отворањето на истрагата, обвинителката Русковска рече дека постои можност истата да се проширува.

Досега сведочеа обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ и обвинителката Елизабета Јосифовска која како заменик на Јанева потпишала решение за отфрлање на притвор за Орце Камчев, како и обвинителот Бурим Рустеми.

Утре во Обвинителството за организиран криминал треба да се појави обвинителот  кој треба да даде исказ за случајот „Рекет“.