Шестмина приведени поради закани кон докторка во ковид-центарот во „8 Септември“

388

Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје.

Меѓу нив е и роднина на починат кој е позитивен на коронавирусот и е спроведен во полициската станица Гази Баба од страна на полицијата со специјални протоколи, откако претходно, бил пријавен дека заедно со други лица се заканувал на докторка.

Полицијата постапуваше со целосна опрема согласно мерките за заштита од вирусот.

Десетици полицајци вечерва беа распоредени пред болницата „8 Септември” во Скопје по пријава од докторка која добивала закани од роднини на лице кое било хоспитализирано во ковид–центарот. Пријавата во полицијата била дека лицата кои се заканувале се вооружени.