Четворица починати и 101 случај на новозаразени од ковид-19

620
Фото: Игор Бансколиев

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19, информираат од Минитерството за здравство.

Најмногу од новозаразените се од Скопје-59. Останатите се од Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2.

Во изминато деноноќие регистрирани се и четири смртни случаи.

На Клиниката за инфективни болести починал 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализиран на 17 мај. Во болницата „8 септември“, пак, починале пациент од Тетово (75) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58) примен на 30 мај.

Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 10 оздравени пациенти од кои 8 во Тетово и двајца во Велес.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 742.

Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје, а потврдени се и 2 позитивни случаи во градинки во Штип.