Хаосот во европската политика носи ренесанса

221
Состојбата во британскиот парламент е специфична бидејќи брегзит е заеднички проблем на сите партии

Политичката мапа на Европската унија открива своевиден хаос. Безмалку низ цела Европа бројот на партии се зголемува додека старите блокови на левицата и десницата се распаѓаат, објавува Блумберг.

Дали Европската Унија оди во тој правец? Се чини дека е така. Шест членки имаат малцински влади, други две имаат привремени влади, вклучувајќи ја Шпанија која во ноември ја очекуваат четвртите избори во исто толку години. Австрија, пак, очекува предвремени избори на 26 септември. Дванаесет членки имаат коалиции кои функционираат, но некои од нив се принудни, како во случајот на Германија и на Италија. Состојбата во Долниот дом на британскиот парлемент исто така е специфична.

Покажувајќи презир за старите структури дел од помладите европски политичари ги напуштаат нивните партии и формираат нови. Емануел Макрон го стори ова во Франција.

Како што европските општества стануваат плуралистички и разновидни, ваквата состојба се пренесува и на политиката. На тој начин и создавањето на коалициите станува потешко. Тоа ги ослабува и партиските структури, со истакнувањето на поединците. Распадот на партиите носи страв бидејќи е мотивиран од подемот на популистите. Но и популистите ги достигнаа нивните граници.

Новите проблеми, како на пример климатските промени, вештачката интелигенција или автоматизацијата, придонесуваат за распаѓање на партиите. А понекогаш едно прашање како бгезит им прави проблеми на сите.

– Во распарчениот партиски пејзаж, товарот на одржување на демократијата паѓа врз поединците. Коалциите ќе станат ад хок, а се повеќе држави ќе бидат водени од малцински влади толерирани од опозицијата. Тоа ќе значи дека пратениците ќе треба индивидуално да се справуваат со проблемите, да ги бранат сопствените ставови и да ги ислушаат можните алтернативи, пред да гласаат според сопственото убедување. Ваквата состојба изгледа хаотично, но всушност означува слобода – се заклучува во анализата на Блумберг