Туск избран за претседател на Европската народна партија

47

Претседателот на Европскиот совет во заминување, Доналд Туск, е избран за претседател на Европската народна партија (ЕПП).

Ова беше одлучено синоќа во Загреб од страна на претставниците на партиите, пред кои Туск вети дека ќе се бори против популистите.

За Туск гласаа 491 пратеник, а 37 беа против.